Прв саем и конференција на бизнис-технологии

Bez autora
Feb 06 2012

Бизтех Скопје 2012 е меѓународен саем за бизнис-технологии и годинава првпат се одржува во нашата држава. Денеска и утре хотелот Александар Палас" ќе се обединат бизнис-заедницата и индустријата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ сектор), а ќе објаснуваат новите бизнис-апликации преку предавања на гости од најпрестижните светски ИТ компании. Во рамки на саемот ќе се одржи конференција, на којашто главен говорник ќе биде заменикот-министер за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска - Томовска, а гостин-говорник ќе биде Рамзес Гаљего, стратег за безбедност и едукатор во Љуест Софтњаре Симплицитѕ ат Њорк. Тема на првата конференцијата е цлоуд цомпутинг, најсовременото бизнис-решение, кое ќе биде претставено преку палета на меѓународни предавачи, а во рамките на настанот ќе се одржат и разни работилници и директни презентации од страна на ИТ компаниите.

Прв саем и конференција на бизнис-технологииБизтех Скопје 2012 е меѓународен саем за бизнис-технологии и годинава првпат се одржува во нашата држава.

Денеска и утре хотелот Александар Палас" ќе се обединат бизнис-заедницата и индустријата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ сектор), а ќе објаснуваат новите бизнис-апликации преку предавања на гости од најпрестижните светски ИТ компании.

Во рамки на саемот ќе се одржи конференција, на којашто главен говорник ќе биде заменикот-министер за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска - Томовска, а гостин-говорник ќе биде Рамзес Гаљего, стратег за безбедност и едукатор во Љуест Софтњаре Симплицитѕ ат Њорк. Тема на првата конференцијата е цлоуд цомпутинг, најсовременото бизнис-решение, кое ќе биде претставено преку палета на меѓународни предавачи, а во рамките на настанот ќе се одржат и разни работилници и директни презентации од страна на ИТ компаниите.

Игор Чучков, директор за Југоисточна Европа во Леорон груп, вели дека саемот е од огромно значење за овој регион, од повеќе причини, пред се поради бизнис-заедницата и нејзино директно и практично запознавање со практичните и финансиските предности на овој светски тренд.

- Предноста на информатичките технологии е тоа што се применливи секаде, затоа преку гостите предавачи ги носиме искуствата и знаењата на водечките меѓународни компании од ИТ секторот, како мајкрософт, ХП, меѓутоа ќе се појават и одредени локални компании кои ќе ги пренесат своите искуства од успешното справување со ова решение - вели Чучков.

Покрај Мајкрософт и ХП, учество земаат и Версо, Интероут, Мелон Солушнс, Сивус, Ипко, Еконет кои ќе ги претстават своите најнови производи и услуги директно наменети за бизнис корисниците.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik